Discord

Дали мотивацијата доаѓа од повеќе пати зголемената популарност на сервисите за разговори, а посебно тие кои исто така нудат и видео разговори или нешто друго е во прашање, сепак, пазарот добива уште еден сервис наменет за комуникација.

Discord е име кое во главно го познаваат гејмерите како сервис кој започна со цел да им овозможи место каде ќе може да комуницираат, а посебно за време на играњето, не секоја игра има вграден систем за гласовна комуникација.

Овој сервис функционира на основа на креирање на посебни сервери на кого се приклучуваат корисниците кои се поканети. Преку креираните сервери може да се разговара преку пораки и аудио, а тука се и додатните можности за испраќање на „емоџи“ икони и слично.

Од компанијата истакнаа дека веќе одреден период корисниците го користат Discord за повеќе од само гејминг и дека сега овој сервис се проширува или на еден начин се ребрендира во сервис наменет за комуникација на сите, не само на гејмерите.

Ова секако не значи дека гејмерите нема да можат да продолжат да го користат сервисот како и досега, само значи дека од компанијата ги сакаат и другите корисници, а посебно во ова време кога вакви сервиси се популарни.

Според информациите, можно е да се работи и за обезбедено финансирање на компанијата кое исто така влијаело кон тоа да се прошири видот на корисници на сервисот.

Discord исто така добива и уште една функција која е популарна овој период, а тоа е можност за групни видео повици помеѓу корисниците на еден сервер.

Оваа апликација сега најдобро може да се спореди со Microsoft Teams и Slack, но наменета за обични корисници. Тоа е така затоа што истата нуди нешто повеќе од обично креирање на групи, како што е можно кај Messenger, Viber и другите.

Новиот слоган на Discord сега е „A Place to Talk“, а од компанијата ги истакнуваат и подобрените ресурси, како и посебниот акцент стаен на безбедноста на корисниците.

ИЗВОРDiscord
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаWizz Air објави 20% попуст на сите билети до сите дестинации
Следна статијаДури сега Google Chomre за Android ќе биде префрлен на 64-битна архитектура
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.