APEX линијата од Vivo е концепт линија преку која од компанијата ја презентираат нивната најнова технологија кај мобилните. Концепт уредот начесто подоцна прераснува во модел кој може да се купи, па за разлика од други концепти, овие од Vivo стануваат реалност.

Vivo APEX досега ни покажа телефон со камера која излегува од самиот уред, а минатата година телефонот немаше воопшто копчиња, а сензорот за отпечатоци беше поставен на целата површина од екранот.

За оваа година Vivo повторно има APEX модел за прикажување на концепт, а како што би се очекувало тој ова година го носи името Vivo APEX 2020.

Оваа година главниот акцент е ставен на камерата која користи механизам за стабилизација нешто сличен механизмот на движење на уредите како што е компасот, на пример. Со ова се добива многу поголемо ниво на стабилизација на сликата, а тоа придонесува и кон можноста за поголемо оптичко зумирање на сликата до 7,5 пати.

Друга работа која исто така ги поминува границите на досега претставени уреди е брзото полнење кое може да се прави со 60W. Уште не точни бројки за што ова ќе значи, но може да се замисли колку брзо би се полнела една батерија со ваков полнач, во споредба со денешните во просек 30W полначи.

Екранот на Vivo APEX 2020 има големо заоблување од страните поради што не може да се забележи ни мала рамка. Освен малите рамки на горната и долната страна, APEX 2020 од страните е целосно екран.

На крајот, Vivo покажа дека има развиено своја технологија за поставување на камера под екранот, па овој телефон нема потреба од исечоци или од механизми за прикажување на камерата.

Поставувањето на камерата под екранот е нешто што не е баш едноставно. Потребно е екранот да пушта доволно светло за камерата да може да работи добро, а притоа да успешно ја „камуфлира“, односно да не се гледа и да прикажува квалитетна слика во тој дел.

Телефонот којшто би бил претставен врз основа на овој концепт би бил телефон од високата класа, со најновиот процесор достапен во моментот и со поголема бројка за RAM меморијата.

ИЗВОРVivo
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЕУ ја објави Стратегијата за податоци: Кус преглед
Следна статијаMicrosoft може да го пушти нивниот Android телефон Surface Duo порано од планираното
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.