Microsoft на својот Surface настан минатиот октомври, покрај другите уреди, го претстави и уредот со кој на изненадување на сите, се враќа на пазарот за мобилни телефони. Изненадувањето беше уште поголемо што овој уред нема да работи на Windows, па Surface Duo ќе работи на Android.

Телефонот беше дочекан со добри реакции и оценки, а неговата главна карактеристика која го издвојува од останатите е двојниот екран и можностите кои ги нуди кај апликациите кои ќе се прилагодат на овој формат.

По не толку успешниот почеток на уредите од Samsung и Huawei со екран кој се превиткува, Surface Duo се виде како уред кој одлично ќе се покаже пред доволно да бидат развиени еластичните екрани.

Сепак, најавата дека Surface Duo ќе почне да се продава дури по една година, односно до крајот на оваа година се виде многу. Доста нови уреди ќе бидат претставени до тогаш, па концептот на Microsoft може да се покаже како застарен уште пред да почне да се продава. Другите производители ги вадат вторите генерации од своите уреди на превиткување, па до крајот на годината може се да се случи.

Затоа, според извори од Windows Central, Microsoft планира да го помести претставувањето на Surface Duo, па наместо до крајот на годината, тоа се планира за ова лето. Според изворите, хардверот и софтверот се веќе спремни, па нема зошто да се чека крајот на годината.

Според Windows Central, на почеток уредот ќе биде достапен во ограничена количина, што значи нема да може секој што сака да го купи, што на крајот повторно ќе испадне дека уредот може да касни со целосната достапност.

Што се однесува до карактеристиките на Surface Duo, се верува дека тој ќе дојде со ланскиот Snapdragon 855, што значи дека нема да има 5G поддршка, а ќе дојде со избор од 6GB RAM меморија, па нагоре.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаVivo го претстави APEX 2020 концепт телефонот преку кој ја презентира својата најнова технологија
Следна статијаКриптовалути од централни банки: Добра или лоша идеја? (дел 2/3)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.