Apple вчера пушти нови верзии од нивните оперативни системи, па достапни се iOS 16.3, iPadOS 16.3, macOS 13.2, како и watchOS 9.3. Како што би претпоставиле, ова се мали надградби и не донесуваат скоро ништо ново, па во главно се работи за мали исправки на грешки, како и безбедносни подобрувања.

Тоа што сепак е големо како новина, а минатиот месец им беше пуштено на корисниците во САД, е функцијата Advanced Date Protection. За оваа функција некои медиуми објавуваат дека ги има налутено ФБИ, а во основа зошто со истата Apple си ја трга можноста за пристап до податоците на корисниците, барем дел од нив.

Advanced Data Protection е функција која доколку се вклучи, овозможува „од-крај-до-крај“ шифрирање на податоците во iCloud. Една од поважните промени кои доаѓаат со оваа функција е шифрирањето на iMessage пораките кои и досега беа, но доколку се зачувуваат во iCloud, Apple може да ги отвори доколу сака, односно доколку тоа биде побарано од нив од страна на властите.

Податоците кои добиваат целосно шифрирање со новата функција ги вклучува „бекапот“ на уредите, „бекапот“ на пораките од Messages, сите податоци во iCloud Drive, Notes, Photos, Reminders, Safari Bookmarks, Siri Shortcuts, Voice Memos и Wallet Passes.

Дел од податоците веќе беа шифрирани целосно, како што се податоците од Health апликацијата, а дел од податоците нема да бидат целосно шифрирани ни со новата функција, односно податоци како што се календарот, контактите и имејл пораките.

Треба да се нагласи, а и Apple го прави тоа при вклучување на Advanced Data Protection, дека доколку ја заборавите лозинката, Apple веќе не може да ви помогне да го вратите пристапот до сметката и податоците, зошто клучевите сега се чуваат на вашите уреди, а не кај Apple.

Поради тоа, Apple овозможува два начини на заштита од губење на пристапот до сметката, односно начини за враќање на пристапот. Може да се избере некој контакт да може да генерира код за пристапување до сметката или може да се генерира клуч кој треба да се чува на безбедно место и кој се користи доколку е заборавена лозинката.

Advanced Data Protection се вклучува преку Settings, па во делот каде е истакнато вашето име. Од тука треба да се притисне на iCloud, па во долниот дел е достапна новата функција.

Уште еднаш би препорачале да не се користи оваа функција доколку немате добар начин на чување на лозинките, како и безбеден начин за чување на клучот за враќање на сметката.

Претходна статијаMicrosoft најави продолжување на инвестициите во OpenAI
Следна статијаАЕТМ: Во првите 9 месеци од 2022, со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 17,3 милијарди денари, со раст од 20%
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.