Фото: Lawrence Livermore National Laboratory

Уште на почеток да нагласиме, потребни се години додека фузијата може да почне да се користи како извор на енергија. Достигнувањето направено овој месец е само еден одличен чекор во тој правец кој докажува дека целта еден ден ќе може да биде постигната.

Нуклеарната фузија се смета за чист извор на енергија, а често се нарекува и изворот на енергија на ѕвездите. За разлика од нуклеарната фисија, која се користи кај нуклеарните реактори и ослободува енергија по двоењето на атомите, како тие на ураниумот, нуклеарната фузија функционира обратно.

Поточно, помали атоми користејќи енергија се спојуваат во поголеми, како на пример атоми од водород. Овој процес создава енергија, а „маката“ досега беше да се постигне стабилна, контролирана реакција која исто така ќе произведе повеќе енергија од таа која е потребна за нејзино започнување.

Напредокот е постигнат на 5 декември во NIF – National Ignition Facility, дел од Lawrence Livermore National Laboratory во Калифорнија, САД. Низата од ласери кои се користеле за загревање на мал цилиндар во кој биле поставени замрзнати деуритиум и тритиум, потешки форми од водород, користеле 2,05 мегаџули енергија. Енергијата која била добиена во милијардити дел од секундата, колку што траел процесот, со спојувањето на атомите има ослободено 3,15 мегаџули енергија, што е 50% повеќе од искористената.

Ова е првпат ова да биде постигнато, па може само да се замислат реакциите и очекувањата кои ќе произлезат од овој успех. Енергијата која е потребна за целиот систем е сепак поголема од таа што е добиена, па затоа и објаснувањето дека има уште доста додека фузијата стане извор на енергија во светот.

Кој подобро да го објасни овој голем напредок, како и генерално значењето на нуклеарната фузија од Нил ДеГрас Тајсон во продолжение.

ИЗВОРNational Geographic
ИЗВОР 2Llnl
Претходна статијаЕУ официјално го постави рокот после кој производителите на уреди ќе мора да го користат USB-C приклучокот
Следна статијаApple ги пушти iOS и iPadOS 16.2, како и watchOS 9.2 и macOS 13.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.