Фото: Shutterstock.com

По изгласувањето на новиот закон од страна на Европскиот Парламент, кој ќе бара од производителите на уреди да го користат USB-C приклучокот, сега е донесена и финална одлука за кога официјално ќе започне обврската за производителите.

Датата после која производителите ќе мора да ги продаваат своите уреди во ЕУ со USB-C приклучок е 27 декември 2024 година. Оваа одлука е официјално објавена во „службениот весник“ од унијата, што значи дека е официјално донесена.

Земјите членки имаат рок до крајот на идната година, односно до 28 декември 2023 година да ги прилагодат своите законски решенија и да ги објават правилата.

Уредите кои ќе мора да го користат популарниот приклучок ги вклучува мобилните телефони, таблет компјутери, дигитални камери, слушалки, рачни видео конзоли, преносни звучници, е-читачи, тастатури, глувчиња, преносни системи за навигација, слушалки за во уво и слични уреди.

За лаптоп компјутерите рокот ќе биде нешто подоцна, односно обврската ќе започне во пролетта 2026 година.

Со оглед на тоа што сите производители веќе го користат USB-C приклучокот, оваа одлука најмногу го носи вниманието кон Apple. Тие потврдија дека ќе ja почитуваат одлуката на Европската Унија, но не дадоа повеќе детали.

Очекувањата се дека Apple веќе од идната година ќе почне да го користи приклучокот кај iPhone, односно нема да го чекаат последниот рок, па да го направат тоа дури од 2025.

Според некои, Apple може да се одлучи целосно да го тргне полнењето на телефоните преку кабел, па тоа да го прави безжично преку нивната MagSafe функција.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаИстражување на Samsung покажува дека се повеќе Европејци бараат технологија погодна за домашни миленици
Следна статијаПостигнат голем напредок кон можноста за користење на нуклеарната фузија како извор на енергија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.