BygJ-KIIgAE_Iiy.jpg large

Microsoft ќе ја претстави наредната верзија од Windows оперативниот систем идната недела, поточно на настан кој што го најави за вторник, 30-ви Септември. На овој настан се очекува да биде презентиран правецот во кој што ќе се движи компанијата сега кога е под новото водство на Satya Nadella. Информации за тоа што се очекува да вклучува наредната верзија од Windows има многу, но исто така дел од информациите говорат за можната промена во начинот на именување на овој оперативен систем кој што моментално е достапен во повеќе верзии за повеќе видови на уреди.

До сега знаеме дека внатрешното име кое што се користи во компанијата за наредната верзија од оперативниот систем е Threshold, а во јавноста е нарекуван според наредната бројка од верзиите, односно Windows 9. Меѓутоа најавите кои што доаѓаат од достапните неофицијални извори, потенцираат дека оперативниот систем од наредната верзија, па натака може да биде нарекувана едноставно Windows, без никакви додатоци и слично. Исто така веќе одамна најавувано, со наредната верзија од Windows, треба да дојде до обединување на верзиите од системот кои што се користат на различните уреди, сите да го носат истото име, како и да се прилагодуваат со достапноста на функциите зависно од уредот. Microsoft веќе ја претстави можноста за програмерите на многу едноставен начин да ги прилагодуваат своите апликации да работат на Windows Phone или на Windows RT, две верзии кои што се очекува да бидат споени во една.

Порталот The Verge пренесува дека на Twitter имаат добиено одговор од страна на Terry Myerson, на шега испратена од нивниот Tom Warren и Mary Joe Foley од ZDNet, кој што гласи „Уште немаме одлучено, но благодарам за вашиот глас“. Во одговорот Myerson вклучува и слика во која што е сликан тој, како стои пред PixelSense мониторот од компанијата на кој што е Windows логото, меѓутоа скриено од него за да не може да се види што доаѓа после.

Од порталот исто така истакнуваат дека можните имиња за наредниот Windows ги вклучуваат Windows 9, Windows One, Windows X, Windows, но се разбира можен е целосно различен правец во именувањето.

Одредени групи го истакнуваат своето мислење дека Microsoft треба целосно да престане да го користи Windows брендот за нивните мобилни уреди и обични корисници. Меѓутоа до сега нема никакви знаци дека компанијата планира нешто такво.

На презентацијата идната недела треба да се добие доволно впечаток дали Microsoft ќе успее да се врати на старото ниво кога нивниот оперативен систем е популарен и масовно користен. Сите знаеме како помина актуелниот Windows 8 за кого можеби најголемата грешка која што ја направи компанијата е што се обиде да ги спои таблет и десктоп корисниците и притоа можеби на успеа да овозможи ново и одлично корисничко искуство ниту за едните.

Извор: The Verge, Reuters

Претходна статијаSproutling, паметна алка што внимава на вашето бебе
Следна статијаМожна потврда на информациите дека Windows 9 ќе биде бесплатен за корисниците на Windows 8
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.