EI7A6263

Родителите во денешно време имаат доста помош од технологија за чување дете, а Sproutling е токму таква алка која бележи здравјето и други многу важни работи за да ја олесни работата на мајката и таткото.

Оваа паметна алка која се поставува додека бебето спие, всушност мери повеќе работи одеднаш. Далеку поразлична од фитнес-алките за возрасни кои мерат калории, километри и сл. Sproutling работи на слчен начин, меѓутоа го претставува тоа на многу поедноставно ниво.

Нема потреба од софитицирани бројки бидејќи не сите родители се доктори, меѓутоа сите оправдано значително многу се грижат за своите чеда. Ова мало парче технологија може да го наречете бебе-монитор 2.0, што на родителите им нуди подетална помош околу нивните деца.

sproutling-6.0.0_cinema_1200.0

Едноставните индикатори кои покрај тоа што го бележат пулсот, исто така проценуваат дали бебето спие или е будно што им остава на родителите доволно информации за тоа каква е моменталната состојба на нивното дете.

Сензорите исто така мерат температура, расположение како и уште едно многу важно нешто, дали бебето е свртено на стомак. Ова е особено од значење бидејќи бебињата до 7 месеци не смеат да спијат на нивните стомачиња и доколку се случи тоа Sproutling ги информира родителите да преземат потребни чекори.

sproutling-screen

Овој уред кој стандардно доаѓа опремен со полнач и бесплатна мобилна апликација е пред се’ наменет за деца до 2 години. Со апликацијата овој уред е поврзан со интернет и им дозволува на родителите да внимаваат на своето дете од далечина.

Следно што планираат од компанијата е по Sproutling, кој ќе го продаваат по цена од 250 долари, да пуштат нов уред. Целна група ќе бидат деца од 2 до 5 години со што сакаат да одат чекор подлабоко во секојдневните животи на родителите ширум светот и секако како што велат да им олеснат многу работи додека се грижат за своите деца.

Извор: VentureBeat, Sproutling

Претходна статијаКамерата Seek Thermal нуди џебно термалното скенирање
Следна статијаMicrosoft се очекува да претстави ново име за Windows идната недела