windows_9_teaser

Меѓу големиот број на неофицијални информации поврзани со наредната верзија од Windows оперативниот систем, верзија која што треба да биде одраз на новиот начин на функционирање на компанијата, беше и информацијата според која што Windows 9 треба да биде бесплатен за корисниците на Windows 7, 8 и 8.1. Ваквата одлука, иако се’ уште непотврдена, не би требало да претставува некакво изненадување за корисниците.

Фактот поради кој што ваквата одлука очекуваме да биде навистина донесена е слабиот успех на Windows 8 и притисокот од конкуренцијата. Microsoft ќе мора да направи се што може за да ги задржи намалениот број на корисници, како и да се обиде да ги врати изгубените, како и тие кои што останаа верни на Windows 7. Доколку новата верзија ја понуди бесплатно, би било реално да се очекува дека голем број на корисници барем ќе ја пробаат оваа верзија, а потоа останува на Microsoft да се погрижи дека овој пат таа ќе им се допадне. Исто така, треба да се земе во предвид дека Apple бесплатно ги овозможува надградбите на својот OS X оперативен систем за постојните корисници.

Можноста да наредната верзија биде бесплатна барем за корисниците на Windows 8 изгледа уште поверојатна после презентација на директорот на Microsoft Indonesia. Според информациите, кои што сепак не се сметаат за 100% точни, директорот истакнува дека корисниците кои што веќе користат Windows 8, се што треба да направат е да го надградат својот систем преку уредот и инсталацијата ќе биде направена автоматски.

Microsoft го закажа настанот на кој што ќе го претстави Windows 9 за утре, па сигурно голем број од прашањата покренати од неофицијалните информации, како и од корисниците, ќе бидат одговорени. Сите информации поврзани со утрешниот настан ќе можете да ги најдете на нашиот портал.

Извор: WPCentral

Претходна статијаMicrosoft се очекува да претстави ново име за Windows идната недела
Следна статијаVizio ги пушти во продажба најевтините 4К телевизори на пазарот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.