Microsoft почна да испраќа покани за настан кој што ќе се одржи на 30-ти Септември, точно како што беше неофицијално најавено минатиот месец. На овој настан треба да биде претставена наредната верзија од Windows оперативниот систем, односно Windows 9 или Windows Threshold, имиња кои што се’ уште неофицијално се користат. По претставувањето на наредната верзија, како и правецот во кој што се движи компанијата, се очекува достапност на тест верзија наменета во главно за програмерите и понапредните корисници.
Од тоа што до сега можевме да го прочитаме како информација, од наредната верзија од Windows можеме да го очекуваме враќањето на Start менито, виртуелни десктоп околини, работа на модерните апликации во десктоп околината во посебни прозорци, центар за нотификации, освежување на корисничкиот интерфејс и повеќе, како и промени кои што се однесуваат на подобрување на перформансите и слични заднински подобрувања.
Од компанијата исто така се очекува да најави намалување на бројот на различни верзии од оперативниот систем кои што се наменети за различни уреди и сите да го носат имате Windows. Оперативниот систем ќе биде направен да се прилагодува на уредот кој што го користите, односно одредени функции да бидат вклучени или исклучени зависно од тоа дали користите екран на допир или маус и тастатура.
Извор и слика: The Verge