New_MSN

MSN, односно The Microsoft Network е познат бренд кој што од оваа компанија го користеа во деведесеттите. Под името на овој бренд, Microsoft вклучуваше неколку сервиси, како и познатиот MSN Messenger. Сепак во новото време на интернетот, како и компаниите кои што се појавија со тек на време, овој бренд не успеа да ја задржи својата популарност, па се помалку се користеше, а сервисите добиваа други имиња.

Microsoft во време кога се бори со популарноста на своите сервиси и производи ќе се обиде тоа да го смени преку повторно враќање на MSN брендот. Една работа која што после толку години го задржа ова име е веб страната која што е направена во форма на портал за сите видови на информации и новости.

Повторното користење на MSN може да се види од неколку новости кои што доаѓаат од компанијата овој период. Како прво, msn.com е целосно редизајнирана и преработена, а новата верзија е достапна за тестирање преку preview.msn.com. Страната вклучува целосно нов дизајн кој што е многу посличен со модерниот стил кој што се користи веќе од скоро сите компании, а таа исто така може да биде прилагодувана кои содржини да ги прикажува според потребите на корисниците.

Главната промена на новата страна е вклучување на сервисите достапни од компанијата на горната лента, како и други сервиси како Facebook и Twitter. Корисниците со најавување со своите сметки, преку оваа лента можат да дојдат до брзи информации од нивните сервиси како Outlook.com, Office365, OneNote, OneDrive, Skype, Facebook и Twitter.

New-MSN-2

Страната покрај тоа што може да се користи како извор на информации, вклучува и неколку од познатите сервиси кои што се достапни како апликации на Windows Phone, како што се Weather, Health and Fitness, Food and Drink. Секоја направена промена ќе биде синхронизирана на сите уреди кои што ги користи корисникот, а од компанијата најавија дека овие апликации ќе бидат достапни и за Android и iOS уредите во периодот што следи.

Апликациите кои што се моментално достапни на Windows Phone, ќе бидат ребрендирани со користење на MSN брендот пред нивното досегашно име. Овие апликации кога првпат беа претставени го носеа брендот Bing, меѓутоа после одреден период тој беше тргнат, па апликациите го задржаа само името кое што ја опишува апликацијата.

Дали користењето на овој стар бренд кој што имаше дискутабилен успех порано ќе им донесе успех денес останува да се види. Што мислите вие за повторното користење на MSN од страна на Microsoft ?

Извор: Microsoft, The Verge, WPCentral, Engadget

Претходна статијаWindows 9 ќе вклучува центар за нотификации ?
Следна статијаNASA направи делови за ракетен мотор користејќи 3D принтери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.