NASA успешно има направено делови од ракетните мотори кои што треба да се користат во новата генерација на ракети, користејќи 3D принтери. Конкретно се работи за инјектори кои што се дел од моторот преку кои што се врши дотокот на гориво, односно комбинација од водород и кислород. Користејќи ја технологијата за 3D печатење, тие се во можност да ги направат деловите на многу поедноставен и брз начин, нешто што на конвенционалниот начин на производство бара 173 различни делови за нивно составување.
Начинот на кој што се направени инјекторите е наречен селективно ласерско топење кој што подразбира прскање на метален прав врз основа на претходно направен виртуелен модел. После поставување на секој слој од металниот прав, со користење на ласер се врши спојување на слоевите со што се креираат инјекторите.
Инјекторите направени на овој начин се тестирани со цел да се утврди нивната издржливост во споредба со традиционално направените. Според тестирањата 3D испечатените инјектори имаат задоволителен квалитет, односно квалитет кој што може да се спореди со тој на стандардните инјектори. Ова значи дека тие ќе можат да се користат како делови од ракетните мотори кога ќе биде пуштени во производство.
Ова е значаен чекор во развојот на технологијата на 3D принтање која што се користи во се повеќе области. Користењето на оваа технологија овозможува поедноставување на процесот на производство, а со тоа и намалување на трошоците со тек на време.
Извор: TechTimes, RiaNovosti