Фото: Shutterstock.com

Нешто што започна уште за време на кампањата за изборите, па со признавањето дека се претерува со „модерирање“ на објавите, сега отиде во правец на најава за целосна промена на политиката на Meta, односно на Facebook и Instagram. 

Наводно овие мрежи веќе нема да ја прават веќе познатата за нив цензура на се што се смета за неточно и неприфатливо од страна на мрежата, поточно едната политичка страна во САД. 

Ова како најава доаѓа директно од Марк Закерберг кој објави видео на Instagram во кое говори на оваа тема. Видеото го започнува со тврдењето дека Facebook има започнато со цел да им се даде глас на луѓето, како и за говор кој го има одржано пред пет години на тема слобода на говор. 

Очекувано во целото видео има одредени тврдења кои со години се прекршувани, но тоа што привлекува внимание се неколку информации кои е интересно што се објавени. 

Закерберг директно признава дека властите се тие кои ги имаат притискано на цензура која на крајот се сведува дека е политичка. Посебно е важно признавањето дека покрај други влади, притисок доаѓа директно и од американските власти, нешто што е познато, но никогаш вака директно објавено. 

Сепак, тој нагласува дека има содржина која навистина е штетна и опасна, па со истата ќе треба да се продолжи да се справува одговорно.

Закерберг директно кажува дека последните избори во САД претставуваат пресврт на општеството во правец на поголема слобода на говор и најавува поедноставување на правилата на мрежите на Meta и на системите за модерирање. 

Една од поважните најави е откажувањето на проверките на факти, нешто што е одамна познато дека беше се освен навистина проверка на факти. Ова во САД ќе биде заменето со Белешки од заедницата, нешто слично како на X мрежата од Елон Маск. 

Очекувано, Закерберг добива доста критики за задоцнетата реакција и со право се истакнува дека после одреден степен на притисок од властите, тој требало да реагира како Маск, а не да дозволи толку голема цензура. 

Facebook веќе е мрежа која има пад на популарноста со години, па прашање е дали овие најавени промени ќе можат да направат нешто. 

Видеото од Закерберг можете да го погледнете во продолжение. 

ИЗВОРMeta
Претходна статијаПоранешен дизајнер од Microsoft прикажа како требало да изгледаат динамичните позадини во Windows 11
Следна статијаSamsung официјално го најави Galaxy Unpacked настанот за претставување на Galaxy S25 серијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.