Фото: Shutterstock.com

Иако беше познато од претходно, цензурата која ја прават друштвените мрежи најмногу дојде до израз со „корона кризата“ од 2020, па наваму. Секој кој се обидел да објави нешто на Facebook против официјалните државни ставови и политики има забележано дека добива предупредување пред објавата, а истата не ги добива стандардните прегледи. 

За одредени корисниците ова одеше и до повисоко ниво, како тргање на објавите, а на крајот и забрана на профилот. Оваа практика беше правдана со можната штета од лажните објави, но интересно е колку од тие лажни објави подоцна испаднаа точни.

Со победата на Доналд Трамп во САД работите почнаа малку да се менуваат, а видовме уште пред изборите дека Марк Закарберг почнува да биде повеќе позитивен со Трамп, во очекување на неговата победа. 

Сега од Meta, односно Ник Клег, претседател во компанија за глобални прашања, истакнува дека „модерирањето“ на објавите од компанијата изгледа било повеќе од што треба. 

Ова е доста благо кажано за нешто што дефинитивно може да се нарече цензура. Системите на Meta се толку строги што дури се тргаат најобични објави кои немаат никаква врска со нешто потенцијално „штетно и опасно“. 

Токму ова се истакнува од Клег кој истакнува дека се појавуваат доста грешки и доста често безопасни објави се тргнати или забранети, а доста луѓе се непотребно казнети. 

Тој конкретно го истакнува непотребното и агресивно тргање на објави поврзани со корона кризата, а Закерберг има истакнато дека тоа се има правено поради притисок од властите, поточно на администрацијата на Бајден.

Ќе видиме дали мрежите ќе станат повеќе отворени или ова е само начин да се подобри доста паднатиот углед. Критиките кон X продолжуваат, а има и доста корисниците кои упорно бараат поголема цензура, односно луѓето често бараат работи на сопствена штета долгорочно. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаВидео го открива One UI 7 пред официјалното претставување
Следна статијаPerplexity Pro – една од најнапредните AI алатки за пребарување, достапна бесплатно една година за сите Телеком корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.