Microsoft има работено на додавање на динамични позадини во Windows 11, нешто за кое досега е пишувано. Овие динамични позадини во основа се анимирани, што значи не стојат статично и имаат одредено движење на објектите на сликата. 

Дополнително, динамичните позадини имаат две верзии, односно една за светлата и една за темната тема на Windows, што ги прави погодни за било кој стил на користење на системот. 

Штета што истите не се направени во стилот на динамичните позадини кај macOS, кои повеќе пати во денот се прилагодуваат според часот и очекуваната светлина надвор, се до автоматската промена во темна тема, доколку истата е вклучена. 

Поранешен дизајнер од Microsoft, кој има работено во компанијата осум години пред да се префрли во Amazon, објави примери за тоа како требало да изгледаат овие динамични позадини. 

Повеќе слики, како и анимации се објавени од страна на Сергеј Киселев на неговата страна на Behance и можете да ги погледнете на овој линк.

Според информациите, оваа функција е откажана, односно не се планира нејзиното пуштање. Планирана била првично за 2023 година, но како што видовме, тоа не се случи, а и деловите од истата се целосно тргнати од кодот на поновите тест верзии од Windows 11.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаApple ќе плати 95 милиони долари поради нарушување на приватноста на корисниците преку Siri
Следна статијаМарк Закерберг најави „враќање на корените“ околу слободата на изразувањето
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.