Фото: Samsung

Како и што е најчесто случајот, неофицијалните информации ја погодија датата кога ќе биде претставена Galaxy S25 серијата. Galaxy Unpacked настанот официјално е најавен за 22 јануари, а истиот ќе се одржи во Сан Хозе, а не во Сан Франциско, како што се најавуваше. 

Очекувано, Samsung главниот акцент во поканата го става на вештачката интелигенција, па очекувањата се големи на тој план. Досега може да се каже дека генеративната вештачка интелигенција на мобилните беше интересна, а вистинските корисни функции тек ќе дојдат. 

Доста голема е и промената на дизајнот на Ultra моделот, односно очекувањата за промена која ќе донесе рамен екран и заоблени агли. 

Уште поинтересна е новата верзија од One UI, односно One UI 7 за која може слободно да се каже дека е инспирирана од iOS 18, што на крајот тоа е добра работа од која најмногу ќе добијат корисниците на Samsung. 

Од Galaxy S25 серијата се очекува да дојде со Snapdragon X Elite чипот кај сите модели и на сите пазари, што е доста голема работа која ќе ја направи новата серија најверојатно и најдобра кога се во прашање перформансите. 

Исто така можно е и изненадување со претставување на доста потенка верзија од телефоните, но не сме сигурни дали тоа ќе се случи на овој настан. 

Galaxy Unpacked настанот ќе може да се следи во живо со почеток во 19:00 часот по македонско време, како и секогаш преку YouTube каналот на компанијата. 

Претходна статијаМарк Закерберг најави „враќање на корените“ околу слободата на изразувањето
Следна статијаHonda на CES 2025 ги презентира првите две прототип возила од новата Honda 0 серија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.