iPhone 11, iPhone 11 Pro, Apple Wtach Series 5 – што се претстави Apple на нивниот настан оваа недела

Во вторникот Apple го одржа својот настан на којшто ги претстави своите очекувани уреди, како и уште неколку други работи поврзани со нивните сервиси.

Главните на настанот секако беа трите нови генерации на iPhone кои сега ги носат имињата, iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max. Тие доаѓаат со новиот A13 Bionic чип којшто покрај подобрувањето во перформансите, треба да им овозможи подолго траење на батеријата, а телефоните добија и по уште една камера.

Apple Watch Series 5 е тука, како и нова, седма, генерација од основниот iPad модел којшто сега има нешто поголем 10,5 инчен екран и работи на новиот iPadOS оперативен систем.

Секако, едно е да прочитате за новите уреди од Apple, а друго е да се види нивното претставување преку самиот настан, а тоа посебно важи кога Apple претставува нешто.

Целиот настан можете да го погледнете во продолжение, а скратена верзија од истиот ако ви треба само едно сумирање на што беше претставено, ја имате на почетокот од оваа статија.

Претходна статијаРСБСП со апел: Крајно време е да се променат навиките и културата во сообраќајот, почнувајки секој од себе
Следна статијаОбјавени се победниците на Huawei InFocus Awards 2019 за најдобра фотографија и видео
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.