После неколку години од првата најава, а и мало одложување поради корона кризата, Intel конечно го претстави напредокот во правец на влегување на пазарот на графички картички, во главно наменети за гејминг.

Intel Arc ќе биде брендот под кој ќе бидат претставени картичките, а од компанијата најавија дека ќе бидат претставени соодветни хардверски, софтверски решенија под брендот, како и сервиси.

Може да се каже дека Intel Arc е еден вид на надоградба на Intel Iris графиката која донесе доста подобрувања за корисниците кои не им треба и не сакаат да купат посебна графичка картичка.

Првата генерација од Intel Arc, кои ќе бидат посебни графички картички за десктоп, но и за лаптоп компјутерите, може да се очекува во првата четвртина од идната година, а ќе бидат претставени под кодното име „Alchemist“.

Intel ги најави и кодните имиња на наредните генерации од Intel Arc, односно Battlemage, Celestial и Druid.

Првата генерација, односно Intel Arc Alchemist, ќе биде направена во Intel X HPG микро архитектурата, која досега беше позната како DG2, наредната генерација од DG1, односно Intel Iris.

Со оглед на тоа дека Intel сега само го најави брендот под кој ќе ги претстави нивните картички, уште не знаеме какви точно карактеристики тие ќе имаат. Се очекува дека ќе им конкурираат на Nvidia и AMD, но можеби не и на нивните моментално најдобри и најскапи картички.

Intel Arc Alchemist се најавува дека ќе дојде со поддршка за real-time ray tracing, video upscaling, како и mesh shading и variable rate shading. Од Intel најавуваат и поддршка за super sampling преку вештачка интелигенција.

ИЗВОРIntel
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMastercard ќе престане да става магнетни ленти на своите картички почнувајќи од 2024
Следна статијаWizz Air регрутира пилоти низ целата мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.