Dan Akerson

Apple може да се каже дека го живее еден од најдобрите периоди од основањето на компанијата. Моментално се компанија број еден во светот според пријавен профит за еден квартал, а веќе се гледа резултатот од големите заработки кои што ја носат компанијата да инвестира во нови области, како што се фарми за сончева енергија.

Според неофицијални информации кои што излегоа оваа недела, Apple планира да влезе на пазарот на автомобили. Тоа планира да го направи со сопствено производство на електричен автомобил, односно целосно развиен од нивна страна.

Со оглед на ефектот на пазарот на кој што настапуваат производите на Apple, може само да се замисли што ќе се случи со пазарот на автомобили. Модел претставен од страна на компанијата може да се покаже како многу повеќе популарен и од револуционерните Tesla автомобили.

Додека да дознаеме дали информациите се точни, односно дали Apple навистина планира да влезе на овој пазар, не се знае колку време ќе помине. Како и да е, информациите веќе предизвикуваат коментари, па дури и од луѓе како Dan Akerson, CEO на General Motors во периодот од 2010 до минатата година.

Тој во телефонско интервју за Bloomberg истакнува дека пазарот за автомобили е навистина комплициран и дека Apple ќе им биде многу подобро доколку не влезат на него. За нив би било подобро да произведуваат одредени системи за поголемите производители, наместо самите да го прават целиот процес.

Видете ги маржите на iPhone во споредба со автомобил. Јас повеќе би сакал да ги имам маржите поврзани со телефонот и да произведам 74,5 милиони од уредите, како што направи Apple минатата четвртина.

Кои се вистинските причини за овој негов став може само да претпоставиме. Јас не верувам дека компанија како Apple, која што го поминува секој процес на истражување и развој на производите, не би ги земала сите предности и слабости во предвид. Огромните профити што ги прави само додаваат на спремноста за почнување на еден ваков проект.

Извор: Bloomberg

Претходна статијаСоздадени телескопски леќи за помош на луѓе со оштетен вид
Следна статијаMedia brunch со NewMan’s Business Accelerator
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.