WP_20150218_11_34_25_Rich

На 18-ти февруари во просториите на NewMan’s Business Accelerator се одржа Media brunch, каде компанијата ги претстави плановите и активностите во следниот период. Говорници на настанот беа Ирена Чаушевска, Иницијатор на идејата за отворање на Њу Менс Бизнис Акцелераторот во Република Македонија пред речиси една година, ко-основач и генерален менаџер, Владимир Трајковиќ – Партнер, ко-сопственик и одговорен за поддршка и менторирање на стартап тимовите како и за релациите со клучните партнери и Јасмина Петровска – Менаџер на академиите за: Арт и креативни технологии, Компјутерски науки и технологии и Мрежи и сајбербезбедност.

На настанот беа преставени соработката со Wayra, акцелератор во Минхен, Германија, резултатите и плановите за Nasa Space App Challenge и Demo Day (20.02), настан за претставување на бизнис идеите на стартап тимовите пред инвеститори, бизнис ангели и компании.

Nasa Space App Challenge 2015 година ( април) – е најголем hackaton во светот. Минатата година, NewMan`s Business Accelerator беше домакин за Скопје, додека за оваа година е регионален координатор за 10 градови Скопје, Тетово, Битола, Охрид, Белград,Тирана, Приштина, Загреб, Љубљана и во Виена.

NEW MAN’S BUSINESS ACCELERATOR е македонско – американска компанија за професионална едукација, развој на кариера и деловно-техничка поддршка, со канцеларии во Скопје и Лос Анџелес. Мисијата на акцелераторот е да понуди модел кој ќе ги поврзува студентите, Универзитетите, компаниите, инвеститорите и државните институции и континуирано ќе ги исполнува празнините кои се јавуваат помеѓу нив. До сега имаме 15 start-ups, од кои 9 од Македонија , 5 од Словенија и 1 од Хрватска, кои своите идеи ги развиваат во бизнис планови до финална точка на сетирање на компанија.

Фокусот на смартап центарот е на развивање на стартап тимовите со цел да ги насочиме во вистинскиот правец, networking и преставување пред инвеститори, бизнис ангели и претставници од фондови.  Исто така, континуирано продолжуваме да развиваме професионални кадри на Cloud академијата каде што до сега имаме 40 ученици во 9 програми ( веб и мобилни апликации, игри, 3D моделирање, анимација и визуелни ефекти , роботика и мехатроника, сајбер-безбедноста итн.

Прес конференцијата која што беше дел од денешниот Media brunch можете во целост да ја слушнете во продолжение.

Претходна статијаПоранешниот CEO на GM ги советува Apple да не влегуваат во бизнисот со автомобили
Следна статијаDashbon Flicks е пренослив звучник со проектор за гледање филмови во дивината