image-1409898897-image-1408812027-825A7412-1160x773

Многу работи во мобилната телефонија се сменија последниве неколку години, но, една останува иста – Apple продава многу, многу iPhone-и. Благодарение на најпопуларниот смартфон на планетава, американскиот гигант постигна светски рекорд во профитот заработен во последниот квартал од 2014 година.

Во бројки, Apple заработи чист профит од фантастични 18 милијарди долари само во минатото тромесечје, што е пораст од 13,1 милијарди минатата година и е најдобар резултат во историјата воопшто. Претходникот рекорд за профит во едно тромесечје го носеше нафтениот гигант Exxon Mobil, кој направи заработка од 15,9 милијарди долари во вториот квартал на 2012 година.

Како главна причина за драстичното зголемување на профитот е новиот iPhone, кој конечно, после многу години, беше лансиран со поголем екран и тоа во две верзии, iPhone 6 со 4,7 инчи и iPhone 6 Plus со 5,5 инчи. Ова одзема голем дел од колачот на традиционално силните Samsung Galaxy S и Note серии на телефони, но и на повеќето Android телефони, кои минатите години беа успешни токму поради тоа што се нудеа со поголеми дисплеи. Како една од причините се наведува и политиката на Apple да не нуди micro SD слот во своите телефони, што ги тера корисниците кои сакаат повеќе простор за складирање податоци да платат повеќе доколку сакаат телефон со 64 или 128 Gb.

Во бројки, Apple продаде 74,5 милиони нови iPhone-и минатото тромесечје, што е зголемување од 23,5 милиони во однос на истиот квартал минатата година, остварување достојно за почит. Покрај рекордниот профит, Apple оствари и рекордни приходи во Кина. Благодарение на зголемувањето на популарноста на iPhone на најголемиот пазар во светот, Apple успеа да оствари дополнителен приход од 16,1 милијарди долари.

hero

И покрај зголемениот профит, Apple забележа и пад во продажбата на iPad Air и iPad Mini и тоа од 18% во однос на истиот квартал минатата година. Како причини се ова се наведуваат се поголемиот број на квалитетни и евтини Android таблети, но и веројатно на одличниот успех на Surface Pro 3 таблетот на Microsoft, кој е конкурентен во однос на цената на iPad Air, но нуди многу посилни процесори, поголем екран и вистински, десктоп оперативен систем.

apple-watch-6_1

За ова тромесечје, се очекува мал пад на продажбата на iPhone, но, во Април Apple ќе го лансира и својот паметен часовник, од кого очекува голема продажба. Сепак, за разлика од iPhone и iPad, Apple Watch не е пионер во својот сегмент, туку напротив, пристигнува цели две години после главната конкуренција, а и продажбата на паметни часовници не е висока како што се очекуваше кога беа лансирани. Дали ова ќе биде првиот неуспешен производ на Apple после подолго време? Сигурно ќе дознаеме за неколку месеци!

Извор: Cnet

Претходна статијаБрзината на светлината варира и во вакуум
Следна статијаMicrosoft претстави нова верзија од Outlook за iOS и Android базирана на Acompli