ID-100301550

Apple склучи договор со компанијата First Solar за инвестирање на 848 милиони долари во проект од компанијата кој што ќе вклучува изградба на огромна таканаречена соларна фарма. Оваа фарма ќе биде составена од соларни панели кои што можат да овозможат снабдување со електрична енергија на повеќе од 50.000 просечни семејства.

Соларната фарма ќе биде изградена во Калифорнија, а Apple од неа ќе добие околу 130 мегавати електрична енергија. Остатокот што ќе биде произведуван на фармата ќе биде продаван на други компании.

Договорот кој што го има склучено Apple со First Solar е со времетраење од 25 години, а завршувањето на фармата се очекува да биде некаде во 2016 година. Apple преку оваа фарма ќе може да ги задоволи сите потреби за електрична енергија во своите згради, како и во новата која што се гради, а е позната по својот футуристички изглед кој наликува на летачка чинија.

Овој договор претставува најголемиот до сега во областа на обновливата и чиста енергија. Како што би се очекувало компанијата доби поддршка и пофалби од повеќето еколошки организации кои што истакнаа дека ова е пример како треба да се работи, а не само да се залага за нешто без конкретна акција.

Од Apple истакнуваат дека покрај тоа што тие се решаваат да бидат одговорни во нивниот еколошки ефект, тие од овој проект ќе имаат и финансиски добивки на долгорочен план. Електричната енергија која што ќе ја добиваат на овој начин треба да станува поевтина, посебно со зголемувањето на ефикасноста на соларните панели.

Извор: First Solar, The Verge

Фото: khunaspix / freedigitalphotos.net

Претходна статијаМенаџмент-моделот на Valve: неколку неодговорени прашања
Следна статијаSamsung одговори на обвинувањата за снимање на разговорите и ја промени политиката за приватност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.