Од денеска официјално се достапни новите верзии од оперативните системи од Apple. После неколку месеци стандардно тестирање од страна на програмерите, како и од обичните корисници преку јавната бета програма, сега сите корисници можат да го надградат својот уред со финалните верзии од системите.
Достапни се iOS 18, iPadOS 18, macOS 15 Sequoia, watchOS 11 и tvOS 18. Како и секогаш, сите корисници можат да проверат за нови верзии преку нивниот уред, па да ги инсталираат во процес кој трае околу половина час, зависно од уредот.
Надградбите се достапни за корисниците со iPhone Xs или понов, iPad mini 5 или понов, iPad 7 или понов, iPad Air 3 или понов, како и за Apple Watch Series 6 или понов.
Како што веќе е познато, главната новина кај овие системи не е достапна веднаш, па Apple Intelligence ќе стане достапна од идниот месец.
Корисниците од останатите новини добиваат можност за поставување на иконите кај iPhone и iPad на било која позиција, темна тема или боја за иконите, нова организација на контролниот центар, редизајнирана Photos апликација, нови можности кај Messages апликацијата, посебна Passwords апликација од Apple и повеќе.