Facebook Messenger за Android и iOS е надградена на нова верзија и истата вклучува интересна и корисна нова функција. Корисниците на оваа апликација сега ја имаат можноста да прават аудио повици со другите корисници на истата апликација, преку Wi-Fi и 3G/4G мобилните мрежи. Со овој додаток Facebook Messenger станува подиректна конкуренција на Viber, која што веќе одамна ја има можноста за бесплатни повици помеѓу нејзините корисници. Facebook ја купи WhatsApp, другата апликација покрај Viber меѓу најпопуларните од овој вид, пред нешто повеќе од месец дена, па комбинирање на одредени функции не е толку чудно.

facebook-messenger-call

За да можете да правите аудио повици потребно е пријателот кој што сакате да го повикате да е вклучен на интернет на неговиот телефон. Повикот се започнува едноставно преку новото копче на горниот дел од екранот додека сте во делот за разговор со пријателот кој што сакате да го повикате. Корисничкиот интерфејс додека трае повикувањето е комбинација на cover сликата, која што е заматена позади профил сликата која што е ставена во круг.

Апликацијата е веќе достапна во продавниците за апликации на двете платформи, односно на Android и iOS, па можете да ги симнете преку следните линкови.

fb-messenger-android-qr

fb-messenger-ios-qr

Претходна статијаМал минијатурен фотоапарат без леќа
Следна статијаБлокадата на YouTube во Турција треба да биде тргната, така одлучи судот во земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.