Додека со дигиталните фотоапарати со леќи можете да направите одлични слики, со помали уреди квалитетна слика многу е тешко да се добие. На малите мобилни уреди се поставуваат минијатурни леќи кои може да работат само до одредена точка, колку е помало растојанието потешко е да се направи прецизна слика.

Истражувачите од компанијата Rambus сметаат дека ова може да се промени со мал оптички сензор.  Ова мало парче кое личи на стакло е всушност површина која е направена да ја прифаќа светлината и содржи мал чип истата да ја процесира.  Користејќи спирални облици кои може да ја мапираат светлината и алгоритам кој ги процесира информациите, може да се добие фотографија која не е перфектна, но сепак одлична во споредба со големината на сензорот.

rambus

Главната идеја тука не е да се создаде камера со висока резолуција, туку да се направи најмал, најевтин и едноставен оптички сензор кој ќе може да прифаќа доволно информации за да покаже што се случува.

Кога би сакале да фотографирате уметничка слика со регуларен дигитален фотоапарат, леќата се фокусира на секоја точка од сликата на која паѓа светлината и е детектирана од сензорот. После овој процес се генерира дигитален фајл кој компјутерот го покажува во вид на слика. Овој нов пристап спротивно на досегашниот, користи еден вид изгравирана решетка со спирална шема преку која светлината влегува од секоја страна. Сензорот поставен под решетката собира голем број на спирали кои човекот неможе да ги види како препознатлива слика, но софтверот може да го преведе во една фотографија. Овие алгоритми дозволуваат корисниците да изберат помеѓу различни резолуции, а најголема резолуција до сега постигната е 128 × 128 пиксели.

Користена е сликата на Мона Лиза за да се демонстрира оваа техника. Горната слика покажува што сензорот доловува, средната слика е реконструкција од страна на компјутерот, а долната слика е оригиналот. Иако не е резолуцијата каква што очекувавме, сепак ова е направено со фотоапарат без леќа, што е и многу интересно.

rambus-mona

Овој микроскопски оптички сензор  може да претвори било каков уред во камера.  Иако сликите се малку матни, секако би биле доволни за некои апликации. Од Rambus велат дека нивната идеја е да додадат очи на било каков дигитален уред без разлика колку е мал, да додадт камера на стар објект, пр. на медицински уреди, играчка облека и слично. Сакаат се што се наоѓа околу нас да може да ’’гледа’’.

Иако на прв поглед ова изгледа загрижувачко за приватноста, сепак е голем чекор за технологијата и паметниот поврзан свет.

Претходна статијаHERE Drive+ ќе биде бесплатна за сите на Windows Phone 8.1
Следна статијаБесплатни повици на Android и iOS со новата верзија на Facebook Messenger