Минатиот месец турската влада во два посебни случаи го блокираше пристапот прво до Twitter, за после една недела да го блокира пристапот и до YouTube сервисот. Причината за блокадите на овие познати сервиси беше проширувањето на снимки и информации за коруптивни активности во владата, како и планови за воена интервенција во Сирија. Реакцијата на граѓаните, како и на светската јавност беше негативна, се разбира, а турските корисници продолжија рекордно да ги користат овие сервиси преку повеќе заобиколни начини, како користење на посебни DNS сервер и VPN сервиси.
Денеска суд во Турција донесе одлука дека блокадата на YouTube е спротивна на човековите права и истата треба да биде тргната. Оваа одлука доаѓа после иста одлука поврзана со блокадата на Twitter, после која што истата беше и тргната.
Сепак иако судот одлучи блокадата на YouTube да биде тргната, спорните видео содржини ќе останат забранети и тие нема да може да бидат повторно поставени на сервисот.
Извор: Reuters, The Guardian