roof-panels

Покривите од автомобилските фабрики полека, но сигурно се докажуваат како одличен терен за поставување на соларни панели. Компаниите како Audi, Ferrarri и Renault се меѓу првите кои веќе имаат инсталирано вакви панели на своите производни објекти. Оваа практика од неодамна се решава да ја примени и компанијата Jaguar Land Rover на нивниот нов производен објект Engine Manufacturing Centre кој се наоѓа во South Staffordshire.

Со повеќе од 21.000 фотоволтаични панели и капацитет од 5.8 MW, кој до крајот на годината се очекува да биде надграден до 6.3 MW, ова преставува најголем објект од ваков вид на територијата на Велика Британија. Проценките се дека со оваа инвестиција ќе се покријат 30% од вкупните потреби за електрична енергија на Enegine Manufacturing Centre на годишно ниво, а исто така овој проект значително ќе придонесе кон намалување на CO2 емисиите на глобално ниво.

Компанијата има намера и да формира посебен оддел кој ќе има задача континуирано да ја следи потошувачката на електрична енергија и природен гас и на дневна база да ги идентификува можните области и начини за заштеда на овие енергенси. Покрај ова, фабриката е дизајнирана на тој начин што кровот овозможува максимална пропустливост на светлина, а самиот објект е проектиран да си обезбеди природна вентилација. Jaguar Land Rover, исто така прави напори за да се приспособи кон локалната флора и фауна, со планови за создавање еколошки коридор кој ќе им овозможи непречено движење на сите видови животни кој се наоѓаат на овие простори.

Оваа фабрика ќе биде наменета за производство на новите Jaguar Land Rover Ingenium четири-цилинтрични мотори, и истите ќе бидат првите кои се дизајнирани и  конструирани од страна на самата компанија. Прв автомобил во кој ќе бидат вградени овие мотори и кој ќе дебитира на пазарот кон крајот на оваа година ке биде новиот Jaguar XE.

Претходна статијаБлокадата на YouTube во Турција треба да биде тргната, така одлучи судот во земјата
Следна статијаНов начин на претворање на графит во дијамант