Дијамантот е елемент кој е всушност алотропска модификација на јаглеродот. Тој преставува најтврдиот минерал во природата и истиот ја наоѓа својата примена за сечење, брусење и полирање на други помеки матерјали. Со сечење и полирање на дијамантот се добива брилијант кој се користи како украс. Сечењето се изведува на начин со користење на дијамантска прашина.
Познато е дека дијамантот настанува во атмосфера со висок притисок и температура, па така денес е мошне усовршено е производството на вештачки дијаманти кои се користат во индустријата. Постапката се изведува во челични контејнери со помош на експлозија.
Група на научници од Stanford University неодамна објавија труд според кој тврдат дека откриле нов начин за модификација на јаглеродот (графитот) и добивање дијамантска-јаглеродна структура. Методот се состои од нанесување на течен водород врз сусптрат од платина, без никаква потреба од примена на притисок од било кој вид. Ова откритие дефинитивно ќе ја најде својата примена во поедноставување на процесот на добивање на вештачки дијаманти кои се користат за потребите во индустријата.
Првичната идеја на истражувањето, сепак не била откривање на оваа метода. Научниците на почетокот биле засегнати да изнајдат начин како графитот да го употребат кај транзисторите. Експериментот се одвивал на тој начин што најпрвин слоеви од графит биле додадени на супстратот од платина, за потоа да бидат изложени на течен водород. Наместо да добијат производ со високи перформанси, кој би бил замена за силициумот, тие при овој процес предизвикале верижна реакција кој ја изменила структурата на сите графитни слоеви, во структура налик на дијамантот.
Со придобивките од оваа метода на научниците дополнително ќе им биде овозможено да разберат и научат како да ја контролираат транзицијата меѓу алотропите на јаглеродот, како и основа за идни резултати доколку би се користеле други супстрати освен платината.