Фото: Shutterstock.com

Познатиот Минг-Чи Куо започна со најави за можни новини кои ќе бидат воведени од страна на Apple подоцна, односно не кај наредните модели од идната година. 

Според него, Apple планира сериозно да ја подобри и унапреди камерата кај некој од наредните iPhone модели, најверојатно iPhone 18 Pro, со воведување на таканаречена променлива бленда. 

Променливата бленда овозможува прилагодување на отворот на леќата, што директно влијае на количината на светлина која влегува во камерата. Ова значи дека корисниците ќе можат да ја контролираат длабочината на полето, создавајќи природен „боке ефект“ без потреба од софтверска обработка. 

Оваа технологија е веќе присутна кај некои Android уреди, но обично нудат ограничен број на фиксни отвори. Apple, со воведувањето на бленда со таканаречени „перки“ на блендата, има за цел да понуди попрецизна контрола, слична на онаа кај DSLR камерите.

iPhone веќе ги има едни од најдобрите камери на пазарот, а со оваа новина Apple изгледа сака нив да ги однесе на наредно ниво. Со привлекување на уште повеќе корисници кои посериозно се занимаваат со фотографијата, iPhone може да остане еден од највредните телефони само поради ова. 

Секако, тешко е да се привлечат сериозните професионалци кои имаат скапи DSLR камери, но ќе видиме во кој правец ќе одат работите во иднина. 

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаYouTube ја засилува борбата против „кликбејт“ видеата
Следна статијаApple можно е да работи на паметно ѕвонче за врата кое ќе работи со Face ID
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.