Фото: Shutterstock.com

Марк Гурман веќе неколку пати најавува дека Apple планираат поголем влез на пазарот на паметни домови во наредните неколку години. Еден од првите производи кој можеме да го очекуваме наводно веќе идната година е паметен монитор кој ќе се користи како асистент и контролен центар за паметниот дом. 

Сега Гурман најавува дека од компанијата планираат и конкурент на познатите Ring од Amazon паметни ѕвончиња за врата. 

Тоа што ќе го направи овој производ од Apple различен од останатите и доста привлечен е достапноста на Face ID. Тоа значи дека ова ѕвонче ќе биде поврзано со паметна брава која ќе се отклучува со лицето на корисникот, односно исто како што тоа се прави за отклучување на iPhone. 

Се верува дека ѕвончето ќе биде компатибилно со повеќе достапни паметни брави, а можно е и Apple да овозможи комплет со некој од производителите. 

Како и за се друго, Apple посебно ќе ја истакне приватноста која ќе ја имаат корисниците со нивниот нов производ, а една од причините за тоа ќе биде и новиот Wi-Fi чип кој го развиваат од компанијата и се верува дека идната година конечно ќе го видиме. 

Засега не е познато дали веднаш ќе се овозможи снимање на видео од страна на ѕвончето исто како Ring, но се очекува дека такво нешто сигурно би имало во иднина. 

Според Гурман, овој производ не треба да се очекува пред 2026 година. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаApple планира посериозна надградба на камерите кај iPhone со воведување на променлива бленда
Следна статијаАЕТСМ: 63,5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.