Apple

Иако веќе одреден период ова се најавува и очекува, Bloomberg оваа недела излезе со поконкретни информации за плановите на Apple да нивните чипови почне да ги користи и кај Mac компјутерите.

Две причини се тука главни за ваквата одлука на Apple. Едната е доста карактеристична за нив, а е и причината зошто нивните мобилни уреди имаат толку добри перформанси, а тоа е целосната контрола на корисничкото искуство, од хардверот до софтверот.

Со чип којшто е развиен од страна на компанијата, тие ќе можат подобро да го направат поврзувањето на тој дел од хардверот со начинот на којшто функционира macOS и корисниците да добијат уште подобро искуство, преку стабилност, брзина и надградби.

Втората причина е што Intel изминатите години може да се каже дека почна малку да разочарува со одреден дел од нивниот развој на чиповите, а со враќањето на пазарот на AMD, се види уште повеќе какви проблеми имаат во Intel.

Послабите процесори од Intel се покажуваат како послаби од тие кои Apple ги развива и користи во iPhone и iPad, според доста тестирања, иако тие на Intel се наменети за компјутерите, а тие од Apple за мобилните уреди. Ова го покажуваат доста тестирања на перформансите, а тука е и предноста на мобилните чипови со заштедата на енергија.

Apple сепак ќе продолжи да ги користи чиповите од Intel кај посилните Mac компјутери, како MacBook Pro, Mac Pro и слично, поради тоа што чиповите од Intel од највисоката класа не можат баш така да бидат поминати во перформансите од мобилен чип.

Според информациите, Apple планира да го користи дизајнот направен на основа на ARM технологијата за A14 чипот, односно наредната генерација која ќе се користи кај iPhone 12. Производител на чиповите ќе остане TSMC.

Apple се најавува дека ќе развие 3 различни чипови од кои тој што ќе биде наменет за Mac компјутерите ќе биде доста посилен од другите наменети за iPhone и iPad.

Бројот на јадра којшто се најавува е 12, од кои 8 за посилни перформанси и 4 за заштеда на енергија. Ова е доста повеќе од бројот на јадра кај i3 на Intel, а се најавува дека Apple во иднина планира да ја зголеми оваа бројка.

Исто така, чиповите ќе бидат направени во 5 нанометарска технологија, што ќе значи доста заштеда на енергија и простор.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаМакпетрол АД е најдобрата компанија според ССМ за изминатата недела
Следна статијаНеофицијани рендери од првиот смартфон од Samsung со камера која „излетува“ од уредот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.