Pigtou

Телефони кои на предната страна имаат само екран и ништо друго, ни рамки, ни исечоци и слично, уште се ретки на пазарот. Дури и неофицијалните информации за iPhone 12, кој треба да биде претставен оваа есен, уште покажуваат користење на исечок од страна на Apple, но овој пат наводно помал.

Тоа што се чека е доволно развивање на технологијата за поставување на камерата под екранот, а во меѓувреме изгледа ќе гледаме по некој телефон со друго решение, како на пример камера која излегува по потреба од внатрешноста на уредот.

Овој концепт првпат беше прикажан пред точно 2 години од страна на Vivo, кои потоа го претставија во официјален телефон наречен Vivo NEX. Сепак, додека нешто не се користи од страна на трите најголеми производители на пазарот, не се смета како технологија која се користи кај телефоните.

Samsung првпат претстави телефон со сличен механизам минатата година. Galaxy A80 задните камери со лизгање на телефонот ги превртува и насочува на предната страна. Доста интересен концепт кој овозможува и одлични селфи слики поради користењето на главните задни камери.

Според познатиот Еван Блас, во соработка со Pigtou, Samsung планира да претстави телефон со камера која ќе излегува од внатрешноста на уредот. Ова исто така ќе овозможи да предната страна на телефонот скоро и да нема ништо друго освен екран.

Како и обично, овој телефон се очекува дека ќе биде од средната, односно средно високата класа од A серијата на компанијата.

Други информации, освен дека големината на екранот би била 6,5 инчи, нема. Како ќе изгледа телефонот е главната работа во овој период, а во продолжение можете да видите и видео од „рендерите“ кои се направени врз основа на овие информации.  

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2Pigtou
Претходна статијаApple ќе почне да користи свои чипови во Mac од идната година
Следна статијаMicrosoft претстави апликација за Windows 10 која ја менува позадината со слики од Bing
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.