Од вчера вечерта корисниците можат да ја инсталираат најновата верзија од iOS и iPadOS на своите уреди. Најновата верзија е iOS 17.4 (iPadOS 17.4) и истата донесува доста големи новини, а како главни се сметаат тие изнудени од страна на Европската Унија и нивните нови закони кои наводно се за заштита на корисниците.
Новините кои се достапни за корисниците во ЕУ, а можно е и нашата земја да е влегува во оваа листа, ги вклучуваат можноста за инсталирање на апликации од други продавници надвор од App Store, можност за користење на сопствена веб технологија од страна на прелистувачите, можност за користење на алтернативни платежни системи и можност за користење на NFC чипот од страна на банките и алтернативните платежни системи.
Сепак, iOS 17.4 е доволно голема надградба да има и новини кои се достапни за сите корисници во светот, а и оваа листа не е толку мала.
За сите корисници во светот iOS 17.4 и iPadOS 17.4 донесуваат:
- Заштита на iMessage од можни идни пробивања од страна на квантните компјутери
- Заштита од украден уред на сите локации од корисникот, а не само кога корисникот не е дома, на пример
- Штоперицата добива поддршка за Live Activities и ќе се прикажува на долниот дел од „заклучениот екран“
- Поддршка за апликации за стриминг на игри
- Поддршка за читање на пораките од страна на Siri во повеќе јазици
- Поддршка за наредната генерација од CarPlay
- Podcast апликацијата добива поддршка за транскрипции
Како и секогаш, инсталирањето на нова верзија од iOS е едноставна и се прави преку Settings > General > Software Update.