Фото: Apple

Apple денеска најави дека iMessage протоколот добива нов начин на шифрирање на комуникацијата, односно нов криптографски протокол кој е замислен да биде отпорен на идните квантни компјутери.

Шифрирањето на комуникацијата, иако е скоро невозможно да биде пробиено во денешно време, сепак се верува дека квантните компјутери во иднина ќе немаат проблем со оваа задача и пробивањето на криптографскиот протокол би идело доста брзо.

Од Apple истакнуваат дека тие се првите кои го воведуваат PQ3, револуционерен пост-квантен криптографски протокол, кој како што се гледа од името е стигнат до третото ниво. Со ова тие постигнуваат заштита и од таканаречените „Harvest Now, Decrypt Later“ напади кои ги чуваат шифрираните податоци за во иднина со цел да бидат дешифрирани кога ќе биде достапна потребната технологија.

Единствени кои имаат воведено слична заштита се познатите Signal, а од Apple истакнуваат дека тие го користат PQ2 протоколот.

„Денеска ја објавуваме најзначајната надградба на криптографската безбедност во историјата на iMessage со воведувањето на PQ3, револуционерен пост-квантен криптографски протокол кој ја унапредува најсовремената врвна комуникација со шифрирани пораки. Со шифрирање отпорно на компромис и широка одбрана дури и од високо софистицирани квантни напади, PQ3 е првиот протокол за пораки што го достигнува она што го нарекуваме безбедност на ниво 3 – обезбедувајќи протоколарна заштита што ги надминува оние во сите други широко распространети апликации за пораки. Според нашите сознанија, PQ3 ги има најсилните безбедносни својства од кој било протокол за пораки на ниво во светот.“

Сите уреди кои работат со iMessage треба да бидат надградени на најновата верзија со цел да биде надградена и заштитата, а Apple планира со воведување на PQ3 од идниот месец со iOS 17.4. За сите корисници може да се очекува до крајот на годината.

Со оглед на тоа што се работи за доста технички текст, тие што се разбираат можат да ја прочитаат целата објава од Apple на овој линк.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Apple
Претходна статијаApple го зголеми очекуваниот век на батериите кај iPhone 15 серијата
Следна статијаGoogle го редизајнира корисничкиот интерфејс на страната за најава и креирање на сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.