Apple вчера вечер го одржа својот настан кој првично беше најавен од Siri. Тоа што беше претставено е токму тоа и што беше најавено од неофицијалните информации, освен можеби „изненадувањето“ со нова боја за iPhone 12.

Најинтересниот производ кој беше претставен, барем според нас, е новата генерација од iPad Pro, моделот со 12,9 инчен екран. Овој таблет компјутер ги добива очекуваните новини, па слободно може да се сложиме со Apple дека тој е најсилниот уред во неговата класа на пазарот.

iPad Pro сега ќе работи на новиот чип од Apple, М1, кој одлично се покажа кај првите Mac компјутери кои ги претставија од компанијата минатата година. Овој чип ќе го направи iPad Pro уред кој ќе може да ги замени доста од лаптоп компјутерите од пониската, па и средната класа, без проблем.

M1 чипот доаѓа со осум јадрен процесор кој според Apple овозможува до 50% подобри перформанси од A12Z Bionic. Графичкиот процесор е исто така осум јадрен и ќе овозможи 40% подобрување. На ова треба да се додаде и процесорот за машинско учење, односно како што Apple го нарекува Apple Neural Engine кој доаѓа со 16 јадра.

Со ова, корисниците на iPad Pro ќе можат да прават многу повеќе работи кои би се правеле на лаптоп, а не се карактеристични за таблет компјутер.

iPad Pro доаѓа и со mini-LED екран, како што беше најавено. Овој екран овозможува поголем контраст, односно контраст којшто може да се спореди и со OLED, но без некои од мааните на тие екрани. На тоа треба да се додаде и светлината која секогаш и подобра кај LED екраните, а тука се секако и живите и силните бои.

Новиот iPad Pro доаѓа и со можност за 5G чип, тука е и Thunderbolt портата за првпат кај овој таблет, а Apple посебно значење дава и на новата ултра широка камера со Center Stage функцијата која автоматски ги следи луѓето при видео повици. iPad Pro доаѓа и со четири звучници кои треба да овозможат доста подобар квалитет на звукот кај уред кој и така важи за добар во оваа област.

ИЗВОРApple
Претходна статијаПросечниот Годзила против Конг
Следна статијаНовиот iMac доаѓа со M1 чип, избор од повеќе бои и Touch ID
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.