Доколку ја запрашавте Siri во текот на вчерашниот ден кога е наредниот настан од Apple, Siri кажуваше дека настанот ќе се одржи во вторник на 20-ти април, а повеќе информации може да се добијат на страната на Apple.

Страната на Apple уште го немаше овој настан официјално објавено, но се очекуваше дека тоа ќе се случи наскоро.

Apple официјално го објави настанот и тој ќе се одржи на 20-ти април, идниот вторник, со почеток во 19:00 часот по македонско време. Како што и се очекува, настанот ќе биде целосно онлајн, а корисниците ќе можат да го следат преку страната на компанијата.

Слоганот од поканата за настанот гласи „Spring Loaded“, па како и секогаш, од тоа не може да донесеме скоро никакво заклучок за што е тоа што ќе биде претставено. Сепак, тука се неофицијалните информации кои најавуваат дека може да се очекуваат нови iPad Pro таблет компјутери, можно е претставување и на нови Mac компјутери кои работат на чипот од Apple, а се најавува и претставување на AirTags.

За новите iPad Pro модели се очекува дека барем еден од нив ќе има екран со Mini LED. Овој вид на екрани овозможуваат подобар контраст од класичните LED екрани, а со тоа се поблиску до квалитетот на OLED, без неговите маани.

ИЗВОРApple
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаСтариот Microsoft Edge официјално тргнат од Windows 10
Следна статијаУбиство (Forbrydelsen, eng. The Killing) – Култната нордиска крими серија доаѓа на Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.