На вчерашниот настан од Apple, покрај одличниот нов iPad Pro, од компанијата претстави и нова генерација од iMac. Овој пат iMac доаѓа во избор од повеќе бои кои го прават компјутерот можеби најпривлечен досега. На тоа треба да се додаде и намалувањето на големината на уредот, а во главно и поради користењето на новиот M1 чип од компанијата.

Првата работа која се забележува кај новиот iMac дефинитивно е неговиот дизајн. Намалувањето на димензиите и изборот на повеќе бои, прави да овој компјутер се погоди за сечиј вкус. Изборот на боите, кои се на задната страна од екранот, е помеѓу зелена, жолта, портокалова, розова, виолетова, сина и сребрена.

Големината на екранот кај новиот iMac е 24 инчи со одлична 4,5К резолуција. Од Apple најавуваат дека овој екран ќе има одлично осветлување и бои, а тука е и познатата од компанијата True Tone технологија.

За видео повици и други слични потреби, iMac доаѓа со 1080p FaceTime HD камера која е помогната од машинското учење на M1 чипот. Исто така, компјутерот доаѓа со три микрофони со студиски квалитет кои треба да овозможат почисти разговори и снимање на гласот.

Дел од iMac се и шест звучници за досега најдобриот систем за звук на iMac, како што истакнуваат од Apple. Дел од системот е и пар од „вуфери“ за кои од компанијата истакнуваат дека овозможуваат одличен бас.

iMac исто така е и првиот ваков компјутер од Apple кој доаѓа со Touch ID, па корисниците сега ќе можат да го користат својот отисок од прстот за да го отклучуваат уредот побрзо, како и за сите останати ситуации кога се бара верификација на корисникот.

Главната новина ја оставивме за крај, а тоа е M1 чипот којшто Apple го донесува и кај iMac серијата. Од компанијата прават споредба со iMac 21,5 и истакнуваат дека со нивниот чип iMac iма до 85% подобри перформанси на процесорот, до два пати подобри перформанси на графичкиот процесор и до три пати побрзо машинско учење.

Со оглед на тоа што M1 беше претставен минатата година, веќе се достапни голем број на универзални апликации, односно апликации кои се прилагодени да работат на овој ARM процесор.

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple го претстави новиот iPad Pro со М1 чип и mini-LED екран
Следна статијаDiscord се има откажано од преговорите со Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.