C720-photo-gallery-06

Chromebook оперативниот систем кој што го развива Google како едноставен систем базиран на веб апликации, постепено добива се повеќе популарност кај корисниците. Лаптоп компјутерите кои што работат на овој систем обично доаѓаат со прилично ниска цена, а со достапноста на веб апликациите денес, тие се во можност да ги направат скоро сите основни активности кои што би ги правеле на другите стандардни компјутери. Меѓутоа со пониската цена, а и помалата потреба на овие компјутери за ресурси, доаѓаат и послаби компоненти, но сепак се поставува и прашањето дали е потребно повеќе.

Како и да е, оваа недела Asus претстави два нови Chromebook модели кои што работат на третата генерација на i3 процесорите од Intel. Иако целата работа на овие уреди се базира на сурфање на веб и појакиот процесор нема да направи голема разлика, сепак корисниците ќе добијат помазно искуство кога работат со повеќе отворени табови, како што изјави еден од директорите во Intel.

Двата модели кои што ги претстави Acer, C720-3404 и C720-3871 доаѓаат со скоро истите карактеристики, а се разликуваат само во RAM меморијата. Па така, тие работат на двојадрениот Inel Core i3-40005U процесор кој што работи на 1,7 Ghz. Послабиот модел доаѓа со 2GB RAM меморија, додека појакиот дупло повеќе, односно 4GB RAM. Двата модела вклучуваат внатрешна меморија од 32GB. Екраните се со големина од 11,6 инчни со резолуција од 1366 x 768 пиксели.

Овие Chromebook компјутери сепак не се првите кои што работат на некои од процесорите на Inel со i ознаката. Chromebook Pixel компјутерот кој што е претставен од страна на Google доаѓа со појакиот Intel i5 процесор, меѓутоа и со доста повисока цена која изнесува 1.300 долари. Моделите од Acer ќе се продаваат по цена од 350 долари за моделот со 2GB RAM и 380 долари за моделот со 4GB RAM.

Какво е вашето мислење на Chromebook компјутерите ? Дали би купиле некогаш некој од нив, наместо стандарден лаптоп или можеби некој од таблет компјутерите ?

Извор: The Verge, ZDNet

Претходна статијаПарализиран пациент успешно ги мрда прстите на раката со неговите мисли
Следна статијаDropbox ќе ја подобри брзината на синхронизација на големите фајловите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.