Додека се очекуваше дека Boeing кај и да е ќе ја добие повторно дозволата за нивните 737 Max авиони кои се моментално приземјени, американската федерална администрација за авијација (FAA) пронајде дополнителен проблем. Ова значи дека повторното сертифицирање ќе биде одложено, според некои до јули, но според други, тоа може да потрае и подолго.

Новиот проблем којшто го имаат пронајдено од FAA не е точно сигурно каков е поради тоа што од администрацијата не го кажуваат официјално. Тие потврдуваат дека има проблем, меѓутоа за неговата природа останува информацијата која ја имаат од Reuters.

Според овој медиум, проблемот бил пронајден по тестирање на авионот преку симулатори, по што повторно се случило да пилотот не може лесно да се справи со навалувањето на носот на авионот надолу.

Не е точно јасно од информациите дали се работи за проблем повторно со MCAS системот или е друг систем којшто ги покажува истите „симптоми“, но резултатот е повторно ист.

Во основа, се сведува на тоа дека компјутерот на авионот има преголема контрола и на работи коишто сепак е подобро да ги контролира пилотот. Еден проблем со сензор, како што беше случајот со двете несреќи кои се случија, може лесно да предизвика авионот да падне.

Откритието на новиот проблем доведува до тоа да се постави прашањето дали тој може да се реши со софтверска надградба или Boeing ќе мора да ги менува чиповите кај сите 737 Max авиони.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаDark: Серија на Netflix која не се пропушта
Следна статијаПатувате сами? Samsung со седум совети за „соло“ патување ова лето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.