Еден куп нови филмови пристигнуваат на Pickbox NOW! Лесни, интересни и духовити, овие филмови се идеални за пролетните денови што доаѓаат. Ви претставуваме седум нови филмови и најавуваме дека во текот на мај, Picbox NOW ќе биде збогатен со барем уште толку филмови!

Возачот Икс (Driver X)

Драмскиот филм Возачот Икс (Driver X) се врти околу Леонард и неговото семејство. Откако ја губи работата, одлучува да вози такси за компанија по име „Драјвер-Икс“ за да помогне во издржувањето на својата вработена жена и двете мали ќерки. Но ноќниот живот на Лос Анџелес почнува да влијае на него повеќе отколку што мислел…

Во главните улоги: Патрик Фабијан, Тревис Шулд, Тања Кларк, Десмин Борџис

Семејни игри (Family Games)

Во интересната комедија/драма Семејни игри (Family Games), Слоан и нејзиното момче Барет се враќаат во нејзиниот дом од детството со мисија. Имено, одлучни се да го уништат бракот на татко ѝ, кој повторно се оженил. Семејните тајни почнуваат полека да излегуваат на површината, а тоа ќе доведе до загадочна иднина.

Во главните улоги: Меган Бун, Дерек Сесил, Лери Бригман, Маргарет Ен Флоренс

Четворицата (Fourplay)

Комедијата/драма Четворицата (Fourplay) е приказна за пријателството, љубовта, бракот, тајните и лагите што се случуваат помеѓу два пара во еден стан за време на неделниот ручек. Никој од нив не помислил дека овој ручек засекогаш ќе влијае на нивните животи и темелно ќе ги промени …

Во главните улоги: Tammy Blanchard, Bryan Greenerg, Dominic Fumusa, Emanuela Galliussi 

Чесно и праведно (2B Perfectly Honest)

Независниот филм Чесно и праведно (2B Perfectly Honest) се врти околу двајца колеги Френк и Џош. Тие двајца се обидуваат да започнат веб-страница, но нивниот бизнис многу брзо пропаѓа. Откако ги губи сите пари, Френк неволно се враќа во куќата на своите родители, а Џош, компјутерски волшебник со сопруга и син, размислува за незамисливото – да ја најде вистинската работа.

Во главните улоги: Адам Треси, Ендру Мекарти, Џон Туртуро

Големата кражба на Парсонс (Grand Theft Parsons)

Заснована на вистинска приказна, оваа црна комедија е приказна за кантри пејачот Грег Парсонс кој починал од предозирање во 1973 година. Парсонс и неговиот менаџер Фил Кауфман склучуваат договор дека првиот што ќе умре ќе биде кремиран од другиот во националниот парк Џошуа Три, пустинска област која и двајцата ја сакале и ценеле.

Во главните улоги: Џони Ноксвил, Кристина Еплгејт, Марли Шелтон, Габриел Махт

Интервенција (Intervention)

Драмскиот филм Интервенција (Intervention) се врти околу еклектична група луѓе кои имаат една заедничка работа – зависноста. Во следните 28 дена, сите тие се под ист покрив и мора да се соочат со суровата реалност на своите зависности. Рехабилитацијата е сè потешка и потешка …

Во главните улоги: Енди Мекдауел, Руперт Грејвс, Џенифер Тили, Дона Д’Ерико

Џејк на квадрат (Jake Squared)

Режисерот Џејк одлучува да сними нов филм за да сфати како успеал да ја уништи секоја врска во својот живот. Но снимањето на овој филм излегува од контрола кога ќе се појават неочекувани гости – вклучително и помлади верзии од него, кои му даваат совети како да го поправи својот скршен живот.

Во главните улоги: Елијас Котеас, Џенифер Џејсон Ли, Вирџинија Медсен

Сите овие филмови и уште еден куп други гледајте ги само на Pickbox NOW!

Претходна статијаGoogle го претстави Pixel 6a со слични карактеристики од ланските модели и пониска цена
Следна статијаНаправена првата слика од црната дупка во центарот на нашата галаксија