Стриминг сервисот Pickbox NOW е побогат за уште две серии за сите кои сакаат мрачни криминалистички заплети со женски ликови во главните улоги: Карен Пири (Karen Pirie), британска крими серија и Искупување (Redemption), ирска крими мини-серија. Еве сè што треба да знаете.

Британската крими серија Карен Пири (Karen Pirie), од 25 ноември

Заснована на романот “The Distant Echo”, на писателот Вал МекДермид, доаѓа новата британска крими серија Карен Пири (Karen Pirie) (2022 – ). Во фокусот на приказната е детективката Карен Пири која го истражува повторно отворениот случај на убиство после 25 години. Имено, тинејџерката Роси Даф е најдена брутално убиена во шкотскиот универзитетски град Ст. Ендрус во 1996 година, а тројца пијани студенти биле главните осомничени.

Карен е освежувачки нормална и шармантно немодерна млада жена. Иако не е дотерана или самоуверена, нејзиниот брз збор и досетливост ја прават импресивна детективка. После унапредувањето во Одделот за историски случаи на Шкотската полиција, Карен добива задача повторно да ја отвори истрагата за убиство кое било тема на провокативен поткаст за вистинско злосторство. Кога во 1996 година тинејџерката Роси Даф е избодена на смрт, сомнежот паѓа на тројца пијани студенти кои го откриле нејзиното тело. И покрај сомнежите на полицијата, осомничените никогаш не се обвинети. Скоро 25 години подоцна, Карен Пири е одлучна да ги открие недостатоците во почетната истрага, и се наоѓа во судир со истите полицајци кои ја воделе првичната истрага по убиецот.

Во главната улога е шкотската актерка Лорен Лајл (Туѓинка), која помина долго време во откривање на својот лик со авторот на бестселерите Вал МекДермид. Во книгите Карен е немодерна и чудна, и всушност не ѝ пречи како изгледа зашто работата ѝ е главен фокус. Костимографката Лесли Абернети имаше задача да го прикаже главниот лик како скромен, но во исто време кул.

Ирската крими серија Искупување (Redemption), од 28 ноември

Во средиштето на ирската крими мини-серија Искупување (Redemption) (2022 – ) е детективката Колет Канингам (Пола Малкомсон) – работи во Ливерпул, непоколеблива е и многу ценета во полициските кругови. Откако во Даблин е најдено тело на млада жена, Колет добива повик и сфаќа дека се работи за ќерка ѝ со која не била во контакт 20 години. Се враќа во Даблин за да открие што се случило. Ако ја изневерила ќерка ѝ во животот, Колет е одлучна сега да направи сè како што треба – но, дали е подготвена за она што ќе го открие?

Снимена во Ирска, оваа крими серија се состои од шест напнати епизоди и ја вклучува водечката ирска актерска постава, која ја вклучува фалената актерка Пола Малкомсон (трилогијата Игрите на гладните, Реј Донован, Дедвуд), Сиобан МекСвини (Девојките од Дери), Ијан Лојд Андерсон (Игра на тронови, Викинзи) и Мо Данфорд (Викинзи и Тексашки масакар со моторна пила).

Ноември е идеален месец за крими серии – гледајте ги новите серии Карен Пири (Karen Pirie) и Искупување (Redemption) само на Pickbox NOW.

Претходна статијаЕлон Маск почна да ги враќа некои од суспендираните Twitter сметки
Следна статијаMicrosoft тестира предлози за веб страни во Старт менито