Како дел од верзијата 25247 од dev каналот на Windows Insider програмата, може да се видат неколку новости кои во иднина би станале дел од Windows 11.

Една така новина е прикажување на предлози за веб страни директно во Старт менито. Овие предлози би се прикажувале во делот кој веќе е наменет за вакви работи, односно во „Recommended“ делот од менито.

Веб страните кои ќе се прикажуваат ќе бидат прикажани врз основа на тоа колку се популарни во регионот на корисникот, како и врз основа на историјата на сурфање.

Ова секако не е нешто што голем дел од корисниците би сакале да го гледаат во Стар менито, па добро е што од компанијата истакнуваат дека ќе може да биде исклучено преку Settings.

Уште една новина која се тестира во Windows 11 е наречена „Suggested Action“. Со селектирање на одреден текст, корисниците ќе добијат предлог да го побараат тој текст преку Edge, повторно нешто што може да е корисно, но и непотребно комплицирање за некои корисници.

Сепак има време додека овие новини станат дел од официјалната верзија од Windows 11, а со оглед на тоа што во овој момент се тестираат како дел од dev каналот, тие може и да не бидат пуштени за сите.

Претходна статијаКога жените решаваат криминалистички случаи: Карен Пири (Karen Pirie) и Искупување (Redemption)
Следна статијаПодмладоците на политичките партии во државата треба да бидат поактивни во осмислувањето и донесувањето одлуки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments