Британската крими серија Случајот на подморницата Виџил( Vigil) ќе ја има својата ексклузивна премиера на Pickbox NOW на 27 септември. Само еден ден по светската премиера на БиБиСи, целосната прва сезона гледајте ја само на Pickbox NOW.  

Од авторот на популарната британска серија Круна (The Crown) на Том Еџ и од продуцентот на најгледаната британска серија На должност (Line of Duty) на Сајмон Хит, ни доаѓа полициската крими мини-серија Случајот на подморницата Виџил која се состои од вкупно шест епизоди.

ЅВЕЗДЕНА АКТЕРСКА ЕКИПА

Главната улога ја игра фантастичната британска актерка Сурејн Џонс (Scott & Bailey, Save Me), која критичарите ја оценија како навистина маестрална во новата серија Случајот на подморницата Виџил. “Не постои нешто што таа не го може”, е една од рецензиите кои искрено ја опишуваат.

Останатите од ѕвездената актерска екипа го сочинуваат популарните актери Мартин Компстон (Line of Duty), Роуз Лесли (GOT, Downtown Abbey, Luther, The Good Fight…) како и Шон Еванс, кого го гледаме во британската серија Младиот инспектор Морз (Endeavour) на Pickbox NOW.

КОЛКУ ПОДЛАБОКО ОДИТЕ, СТАНУВА СЀ ПОТЕМНО

Сурејн Џонс ја игра улогата на детективката Ејми Силва која работи за шкотската полиција. Дејството е сместено во Шкотска, каде што е снимана и серијата, на фиктивната подморница ХМС Виџил која ѝ припаѓа на кралската морнарица. Таинственото исчезнување на шкотски рибарски брод и смртта во нуклеарната подморница Тридент ја доведува полицијата во судир со морнарицата и британските безбедносни служби.

Со интелигентна мистерија, смрт, лезбијска љубовна приказна и заговор во заднината на сѐ, серијата Случајот на подморницата Виџил е воодушевувачка нова серија на БиБиСи!

Колку подлабоко одите, станува сѐ потемно – тоа е службениот слоган на британската серија Случајот на подморницата Виџил (Vigil). Нурнете во новата крими серија и ексклузивно гледајте ги сите шест епизоди само на Pickbox NOW од 27 септември.

Претходна статијаGoogle тестира копче за симнување на видеата од YouTube на десктоп
Следна статијаSamsung најавува ново поглавје “Life Unstoppable: the house of surprises”