Корисниците на YouTube Premium преку мобилната YouTube апликација веќе одамна имаат можност да ги симнуваат видеата со цел подоцна да можат да ги гледаат без потреба од интернет конекција. Симнувањето секако се прави како дел од апликацијата, а видеата не може да им бидат префрлени на други.

Оваа можност сега се тестира да им се овозможи на корисниците и на десктоп, односно на компјутерите кои пристапуваат до YouTube преку интернет прелистувач. Иако можноста има повеќе практична употреба на мобилните, сепак не се малку корисниците на лаптоп компјутери кои го користат компјутерот каде нема интернет пристап или истиот е ограничен.

Исто како на мобилните, можноста ќе им биде достапна на корисниците кои се преплетени на YouTube Premium, а исто така во оваа фаза истата уште се тестира што значи не им е достапна на сите претплатници.

Каде што е достапна, можноста може лесно да се забележи преку новото „Download“ копче кое е поставено под видеото, до копчето за споделување, а исто така можноста е додадена и во менито кога се гледа листа од видеа.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаИнсталирајте ја финалната верзија од Windows 11 пред официјалното пуштање
Следна статијаЕксклузивна премиера на серијата на БиБиСи Случајот на подморницата Виџил (Vigil) на Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.