Изговорувањето на одредени зборови во англискиот јазик знаат да претставуваат предизвик, како за тие кои го говорат тој јазик, а уште повеќе за тие кои го учат. Google веќе овозможува корисниците да слушнат како се изговорува било кој збор кој го пребаруваат, но со помош на машинското учење, тие сега одат чекор понатаму.

Кога корисниците ќе побараат преку Google Search како некој збор се изговорува, покрај тоа што ќе им биде прикажан текст, како и звук од тоа како точно звучи, сега корисниците ќе можат да го изговорат зборот и Google да им каже дали е точно, па дури и да им даде предлози како да го подобрат начинот на изговорување.

Оваа можност е додадена кај резултатите од пребарувањето, а со помош на микрофонот од телефонот, како и машинското учење, Google може точно да слушне како корисникот го изговорува зборот.

Доколку бидат слушнати грешки, Google со поделба на зборот на слогови, ќе им каже на корисниците кој дел и како да го променат за да го изговорат зборот точно како што треба.

Оваа нова можност е достапна само за корисниците на англиски јазик, поточно од САД, а се планира и додавање на шпанскиот јазик. Сепак, ова е одличен показател што се во денешно време лесно ни е достапно.

Покрај оваа новина, Google исто така воведува и прикажување на слики до зборовите кои се преведени или е пребарана дефиниција за нив. На овој начин корисниците многу подобро ќе можат да разберат за што точно се работи.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаFacebook тестира прикажување на слики слично како на Instagram
Следна статијаApple најави настан за 2-ри декември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.