Apple оваа недела почна да испраќа покани до медиумите за настан којшто ќе го одржи на 2-ри декември. За разлика од другите настани, овој нема да биде за претставување на некој нов уред или за претставување на нова верзија од нивните оперативни системи.

Овој настан ќе биде замена за досегашните објави на најдобрите апликации и игри на платформите на Apple, а поканата гласи:

„Придружете ни се за Apple специјален настан во чест на нашите омилени апликации и игри за 2019“.

Претставувањето на оваа листа на апликации во форма на настан, наместо само објава на нивниот блог, може да значи дека тие планираат нешто повеќе, како на пример доделување на награди, претставување на нови партнерства за нови апликации и слично.

Apple има што да каже на еден ваков настан. Тие оваа година го претставија својот сервис за игри, Apple Arcade, а на iPadOS дојдоа познати апликации како Photoshop и слични. Подобрата презентација на се што е ново на нивните платформи дефинитивно е подобро да се направи на посебен настан, отколку преку едно известување до медиумите.

Настанот ќе се одржи на 2-ри декември во Њујорк со почеток во 22:00 часот по македонско време.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаGoogle ќе им помага на луѓето точно да ги изговорат зборовите кои ги бараат
Следна статијаSamsung Galaxy Note10+ добива Star Wars Special Edition верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.