Досега сигурно сите го користите „новиот“ Messenger, којшто беше пуштен официјално минатата година. Messenger 4 доаѓа со целосен редизајн на апликацијата кој донесе поедноставен кориснички интерфејс чиј акцент е ставен на разговорите.

Кога Facebook ја пушти оваа нова верзија од Messenger, најавија дека истата ќе има и темна тема, меѓутоа истата не беше пуштена заедно со редизајнот, како што се очекуваше. Оваа функција беше најавена за подоцна, па еве конечно дојде и тоа подоцна.

Сепак, темната тема која сега може да се вклучи на Messenger не е целосно завршена, па опцијата за вклучување не е автоматски достапна. Истата треба да се вклучи на еден да речеме интересен начин.

За да ви биде прикажана можноста за вклучување на темната тема во Settings, потребно е прво да испратите „emoji“ икона од месечина во некој разговор.

Дека ја имате испратено точната икона ќе знаете по тоа што на екранот ќе почнат да „паѓаат“ месечини.

По ова, треба да притиснете на вашата слика на главниот екран од Messenger, па на прво место ќе биде новата „Dark Mode“ опција која можете да ја вклучите.

Според информациите, оваа можност не им е достапна баш на сите корисници кои ќе испратат месечина, па доколку не ви успее, значи дека сепак нема да можете да ја вклучите веднаш.

Претходна статијаYouTube ќе ги забрани коментарите на видеата со деца и малолетници генерално
Следна статијаКако да ја промените функцијата на Bixby копчето со новата можност од Samsung?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.