Масовноста на интернетот во денешно време за жал значи и дека одредени девијантни појави од „обичниот“ живот, ќе бидат пренесени онлајн. Има групи на корисници кои го искористуваат тоа што им го нуди интернетот како можност, па се разбира дека тука нема да биде исклучок и YouTube.

Изминатите неколку недели актуелен е случајот на откажување на одреден број на познати огласувачи од мрежата, поради тоа што не е успеано во тоа да бидат спречени видеа со малолетници, порнографија и нивно искористување.

Проблемот е таков да голем удел во ширењето на ваквите видеа има играно алгоритамот на YouTube за препорака на видеа, но и коментарите на видеата. Преку коментарите биле споделувани дополнителни линкови, а кратко кажано овој дел од мрежата бил искористен од таканаречените „предатори“ на малолетници.

Поради тоа YouTube објави дека ја исклучува можноста за коментари кај видеата во кој има деца и малолетници генерално. Ова треба да овозможи одреден степен на заштита на децата, но и да им го скрати еден од најголемите простори за функционирање на предаторите.

Коментарите ќе останат овозможени само кај мал број на канали, но од YouTube истакнуваат дека од овие канали ќе се бара посебна проверка на коментарите.

Ова како промена доаѓа после промената на алгоритамот за прикажување на предлози за видеа, кој сега е многу повеќе општ и прикажува предлози од повеќе категории.

Како и сите промени кои доаѓаат поради вакви причини, секогаш непотребно се опфатени и тие кои објавуваат најнормални видеа. Па така, според информациите, голем проблем ќе имаат каналите кои ги прават родителите кои сакаат да објавуваат видеа со нивните деца и слично.

ИЗВОРYouTube
ИЗВОР 2ARS Technica
Претходна статија„Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“ – Нова кампања на РСБСП за улогата на жената во безбедноста во сообраќајот
Следна статијаДостапна темната тема на Messenger – еве како да ја вклучите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.