За менување на функцијата на Bixby копчето, која беше фиксна и само можеше целосно да биде исклучена, беше потребно користење на апликации кои ги има неколку во Play Store.

Сепак, за менување на една ваква функција, секогаш е подобро кога производителот на уредот ќе ја овозможи официјално и директно преку прилагодувањата на уредот.

Samsung оваа можност ја воведе во се’ уште недостапните Galaxy S10 уреди, но најави и истото го овозможи и кај уште неколку постари модели, односно тие кои доаѓаат со Bixby копчето, Galaxy S8, S8+, S9, S9+, Note 8 и Note 9.

Менувањето на функцијата на Bixby копчето сега е многу едноставна работа и истото се прави преку Settings на уредот. Опцијата е наречена „Bixby key“ и може да се најде во „Advanced Features“ во „Settings“.

Тука се дадени две можности. Една од можностите секогаш мора да биде вклучување на Bixby, додека долгото држење на копчето како и да е ќе го вклучи гласовниот дел од асистентот.

Понудените можности се да Bixby се вклучува со едно или две притискања на копчето, со што другата опција сега останува слободна за користење и прилагодување од страна на корисникот.

Може да се избере да слободната опција се користи за вклучување на некоја апликација, но уште покорисно, за извршување на одредена команда.

На пример, јас имам наместено да со притискање на копчето се извршува командата која ја нареков „Night“. Истата го вклучува „Do not disturb“ режимот на телефонот, како и „Blue light filter“, нешто што обично го правев со притискање посебно на двете копчиња достапни во центарот за известувања.

Претходна статијаДостапна темната тема на Messenger – еве како да ја вклучите
Следна статијаPunkt MP02 е телефон за тие кои не сакаат да се цело време поврзани на интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.