win-10-settings-dark-f

Дополнителните апликации за менување на изгледот на вашиот Windows, земаат многу ресурси, па не препорачуваме да ги користите, барем доколку навистина на ви требаат и знаете што правите. Од друга страна, Windows како оперативен систем не овозможува премногу менување на изгледот, па во случајот со Windows 10, за некои корисници светлата тема може да е многу светла, кратко кажано.

За таа цел се решивме да направиме мала промена, односно наместо стандарната тема што се користи за Windows 10 да ја употребиме темата со темна нијанса, која што е вклучена со оперативниот систем. Иако Microsoft работат на ова и ветија дека ќе ја додатат во иднина официјално, оваа тема ја има во самиот Windows, но таа е сокриена и не е достапна при стандардни менување во делот Themes.

Активирањето на темната тема може да се направи на два начина, рачно во регистарот, како и автоматски со симнување на фајлови кои што ќе ја направат промената за вас.

Фајловите кои што ќе ја направат промената за вас можете да ги симнете преку следниот линк, а потоа екстрактирајте ја содржината од симнатиот фајл.

registry-entries

Во папката што ја екстрактиравте се наоѓаат две датотеки. Едната датотека е новата тема, односно со темна нијанса (Dark Theme), додека другата е стандарната тема што ја имате на вашиот Windows 10 (Light Theme).

За да не се мачите, па да одите во регистри и да барате каде што треба да смените, можете да ги искористите овие две датотеки кои тоа ќе го направат за вас. Кликнете двапати на Make Windows 10 Use DarkTheme датотеката и ќе излезе прозорче кое ќе ве праша дали сте сигурни овој фајл да го додате во регистрите и кликнете Yes.

reg-edit-warning

Следно што треба да направите е да го рестартирате вашиот компјутер и на следното вклучување и ќе ја добиете новата темна тема за вашиот Windows.

win-10-settings-dark

Овие промени ќе бидат направени во делот каде се менуваат параметрите, но нема да бидат на заднината кога ги отварате фолдерите. Доколку сакате да направите промена и во тој дел тогаш ќе треба да одите со десен клик на самиот Desktop во делот Personalize. Откако ќе ви се отвори новиот прозорец одете во делот Themes – > Themes Settings и оттука одберете една од High Contrast Themes.

win-10-themes-dark

Со ова комплетно направивте измена во изгледот на нашиот Windows.

Откако ќе ја додадете темата со темна нијанса на вашиот Windows, ви останува уште да ја направите промената во пребарувачот Microsoft Edge. Кликнете во делот More десно во ќошот на пребарувачот или поточно кликнете на трите точки и потоа одете најдолу во категоријата Settings.

edge-dark

Откако ќе ви се отвори лентата со параметри, во делот Choose a Theme одберете ја темата Dark.

Со ова комплетно направивте промена на изгледот на вашиот Windows.

Доколку сепак самите би сакале да ги направите потребните промени во регистарот, креирајте ги следните записи во Registry:

  • Во HKEY_LOCAL_MACHINE\SOFTWARE\Microsoft\Windows\CurrentVersion\Themes\Personalize, креирајте DWORD value со име „AppsUseLightTheme” со вредност „0”.
  • Во HKEY_CURRENT_USER\SOFTWARE\Microsoft\Windows\CurrentVersion\Themes\Personalize, креирајте DWORD value со име „AppsUseLightTheme” со вредност „0”.

Рестартирајте го вашиот компјутер и темната тема ќе биде активирана.

Доколку сакате да се вратите на светлата тема, се што треба да направите е да ги избришете новокреираните записи во регистарот или вредностите да ги смените во 1.

Претходна статијаTrue Love Tinder Robot место вас ќе ги одобрува или одбива кандидатите на Tinder
Следна статијаFacebook го направи “Open Source” својот компјутер за вештачка интелигенција